Какви Galaxy Nexus телефони има во Македонија

Кога зборуваме за различни варијанти на Samsung Galaxy Nexus секогаш се мисли на софтверската разлика помеѓу нив или да бидеме попрецизни тие се разликуваат во делот “кој се грижи за надградбата на системскиот софтвер”. GSM верзијата на Samsung Galaxy Nexus го носи името “yakju” a додека CDMA/LTE си има разлилно име (на пример “mysid” за Verizon Samsung Galaxy Nexus).

Бидејќи ние сме GSM нација, во нашата категорија има уште една поделба, тоа е поделбата по региони. На пример

  • ykjuux  – Канда
  • yakjuxw – Јужна Америка
  • yakjusc итн.

На “Андроид Македонија” страницата на Facebook, корисник од T-Mobile MK се пожали дека неговиот Samsung Galaxy Nexus ја носи ознаката “yakjuxw”.

Што значи дека секоја надградба на софтвер што е објавена од Google нема да ја добие директно туку најпрво ќе треба да биде одобрена од операторот преку кој што е набавен телефонот во случајот тоа не е T-Mobile MK туку некој трет оператор преку кој се набавени телефоните за T-Mobile MK.

Моментално во Македонија, само 2 оператори T-Mobile MK и VipMK го имаат овај телефон во својата понуда. На нивните сајтови никаде не е напишано за кои модели конкретно станува збор.

Доколку имате Samsung Galaxy Nexus од T-Mobile MK или VipMK проверете ја верзијата на софтвер со која што ви е продаден телефонот и споделете во коментар. За полесно користете ја апликацијата GN Official Update Checker https://play.google.com/store/apps/details?id=de.cbruegg.officialupdate која веднаш ќе Ви каже “кој се грижи за надградбата на системскиот софтвер”. 

*За поискусните кои што сакаат да се префрлат на официјалната верзија од Google, читајте http://forum.xda-developers.com/showthread.php?t=1391881 

 

[Видео] Споредба на Nokia N9 со Nokia Lumia 800

Видео од 23 миниту каде се споредувааат Nokia N9 со оперативен систем MeGoo Harmattan и Nokia Lumia 800 со Windows Phone 7. Во видеотот се споредува:

  • Изгледот на менито. Мрежа од апликации против плочки и листа
  • Страници со нотификации против people hub
  • Бирач
  • Е-пошта
  • Nokia Store против Market Place
  • Music Player против Zune
  • Мапи
  • Documents против Office
  • Светлосна јачина на екранот

Microsfot им овозможи на корисниците на iPhone
и Android да го искусат Windows Phone 7

Со посета на http://aka.ms/wpdemo преку пребарувачот на вашиот iPhone или Andriod телефон ќе можете да го искусите Windows Phone 7. Откако ќе го посетите линкот веднаш ќе бидете префрлени на емулатор на Windows Phone 7. Ова е шанса за сите оние што не знаат што да купат за нареден телефон да видат дали им е преку глава од нивните iPhone или Android телефони и да се префрлат на нешто ново. Јас го испробав емулаторот на HTC Desire и iPhone 3Gs и изгледа доста убаво. Не можам да кажам дека можев да осетам дали добро функционира или дали има добро корисничко искуство затоа што сепак ова е емулација и ги нема сите функционалности.

[Видео] Рециклирање на мобилни телефони
објаснето во 2 миниту

Денеска бев на седмата по ред е-Society конференција која целосно е посветена на еден проблем за кој барем кај нас во Македонија доста малку се знае и се обрнува внимание. Темата е електронски отпад. На конференцијата беа презентирани резултати од истражувањете на Метаморфозис на тема електронски отпад. Од истражувањето произлегло дека најмногу од испитаниците имаат мобилен телефон кој повеќе не го користат.

Деновиве Nokia објави видео во кое објаснуваат дека оние телефони кои некогаш ни биле многу значајни сега се само отпад кои содржат многу битни метали како злато, сребро, алумимниум и бакар кои доколку се рециклираат правилно можат да послужат за производство на било што. Според Nokia тие ја поседуваат најголемата мрежа за рециклирање на мобилни телефони.

[MobileMonday] HTML5 ќе владее со светот

На 07.11 (понеделник) со почеток во 18:30 часот во Клуб на новинари ќе се одржи петтиот по ред MobileMonday Македонија. Темата на овој MobileMonday e мобилни веб апликации наспрема нативни мобилни апликации. Овојпат имаме многу интересна тема на која очекуваме и интересна дискусија. Темата ќе ја отвори Ванчо Ордановски од ИнфоПројект. Ванчо ќе зборува за:

  • Зошто треба да ја прифатите максимата „Кодирај еднаш инсталирај секаде“
  • Зголемување на понудата на развојни алати за мобилни веб апликации
  • Што значи тоа за бизнисите без разлика дали се обезбедувачи на решенија или корисници.

Настанот ќе продолжи со презентација на Сања Божиќ од Httpool која ќе зборува за стандардите во мобилното огласување, трендови и пракитики и ќе презентира неколку студии на случај.

Преземено од  MobileMonday



КОМУНИКАЦИИ.нет 2010, лиценца

RSS. Дел од КОМУНИКАЦИИ.нет, Tемата Modern Clix е направена од Rodrigo Galindez.