[Webit] Маркетинг преку мобилни телефони
На вториот панел на Webit, Bruce Hoang, главен на истражувачкиот тим за медиуми на Orange, презентираше потенцијалот за маркетинг преку мобилни телефони. Во неговата презентација „Uncovering the potential of mobile media advertising“ ги изнесе фактите од истражувањето што го има спроведено Orange во 4 европски земји: Велика Британија, Франција, Шпанија и Полска. Исто така го престави моделот на M-commerce што значи користење на мобилниот телефон или за плаќање или за некоја резервација.
Еве неколку од клучните факти, а подоле ќе можете да ја видите и целата презентација.
На прашањето зошто користите интернет на мобилниот телефон, корисниците одговориле затоа што сакаат да им пристапат на истите работи како од персоналниот компјутер. Иако корисниците симнуваат многу апликации најчесто користат две до три апликации. Интересен факт е дека се преферира користењето на интернет пребарувачите пред апликациите. Најупристапувани сервиси од мобилен се:
- Електронска пошта
- Интернет страниците за социјално вмрежување
- Геолокациски сервиси
Интересен податок е дека само во Шпанија најкористени се геолокациските сервиси, додека кај сите други тоа е електронската пошта. Bruce Hoang, ова го објасни со културните специфики на шпанците и нивната навика да споделуваат со своите пријатели каде се во моментот и во офлајн светот.
За мене еден изненадувачки факт е дека корисниците што се онлајн повеќе од 10 минути на својот мобилен најчесто пристапиле на интернет од дома. Можеби ова може да се објасни со фактот дека корисниците дома го користат фиксниот интернет кој е поефтин од мобилниот.
Погледнете ја целата презентација:
