Архива за:   Андроид

Android „краде“ од Blackberry за го престигне iOS

Според предвидувањата на eMarketer до крајот на оваа година iPhone ќе го изгуби приматот на број 1 паметен телефон на амеркинаскиот пазар за сметка на Андроид, оперативниот систем на Google.

Андроид ќе биде инсталиран на 37% од сите мобилни уреди до крајот на годианта. Растот на Андроид ќе биде на сметка Research In Motion односно на BlackBerry. eMarketer предвидува пад на BlackBerry на пазарот од 30% во 2010 на само 15% во 2013. Делот од пазарот за другите производители на оперативни системи уште повеќе ќе се намалува.

Повеќе на: eMarketer

Колку сте зависни од вашиот мобилен телефон?

Дали сте издржале да не проверите што има на Facebook, Twitter или да проверите email додека сте на вечера со пријатели или пак со саканата личност? Дали може да изджите без да го проверите вашиот мобилен телефон под маса? Ако не, тогаш не се секирајте вие сте еден од многумината кои се зависници од мобилната технологија. Не сте сам/а во ова. Најголеми зависници се оние кои поседуваат iPhone.

Графички приказ на тоа колку сте зависни од мобилни телефони

Преземено од: http://www.geeksaresexy.net/

Pazar3.mk со своја андроид апликација

Една од најпознатите интернет страници за огласување Pazar3 ја објавија својата апликација за мобилните телефони кои работат на андроид платформа. На прв поглед апликацијата делува добро сработена и ги има сите неопходни опции кои ја прават апликација да биде употреблива. До сега има неколку коментари на андроид маркетот за апликацита и сите се позитивни. Апликацијате можете да ја симнете од андроид маркетот.

Првиот екран ве носи директно на пребарување и на него ги имате последно внесените огласи од сите категории и места. Можете да изберете да пребарувате по категории и места.

Кога ќе одберете некој од огласите ќе ве однесе на страница посебна за огласот каде ќе можете да ги прочитате сите детали. Доколку кликнете не мени копчето ќе ви се прикажат уште неколку опции меѓу кои за мене најдобра е онаа за директно да му се јавиш на огласувачот. Исто така има и да испратиш порака, да го зачуваш огласот, да ти ја прикаже локацијата итн.

Доколку сакате можете и од самата апликација да објавите оглас. Можете да изберете дали да се прикажува телефонот или не. Исто така може да додадете фотографија од галеријата на телефонот или да ја сликате со камерата од телефонот.

Купувај и продавај Андроид апликации и кај нас

Од наредната недела ќе можете да купувате и продавате андриод апликации преку андроид маркетот и во Македонија. Гугл ја прошири листата на земји каде е поддржано купувањето и продавањето на апликации преку андриод маркетот со нови 99 земји и сега вкупно поддржува 131 земја. Според сликата подоле можеме да заклучиме дека и Македонија е во овие нови 99 земји.

Сликата е преземена од Andriodcentral.

Благодарност до @dimitar_ што ја сподели сликава со нас.

“Златна книга” со своја Андроид верзија

Како што и претходно објавивме, благодарение на Александар Балаловски a.k.a GemoKodero сервисот на “Златна книга” си доби своја Android верзија. Ја имав приликата да се запознаам со апликацијата уште пред денес да биде и официјално објавена на Android Market и можам слободно да кажам дека апликацијата едноставно го прави тоа за што е наменета без никакви проблеми при работата. Интерфејсот е лесен и интуитивен, со еден куп детаљи за побогато корисничко искуство.  Апликацијата е објавена под GPLv2 лиценца која истата ја прави и слободен софтвер достапен за учење и користење од сите. На официјалната страна на апликацијата може да споделувате проблеми, да дискутирате за нови можности и функционалности на истата. Авторот со задоволство ќе ги прифати вашите забелешки. Апликацијата работи на сите Android 1.6+ верзии. Останува да ја симнете, инсталирате, тестирате и да споделите искуства.



КОМУНИКАЦИИ.нет 2010, лиценца

RSS. Дел од КОМУНИКАЦИИ.нет, Tемата Modern Clix е направена од Rodrigo Galindez.