Архива за:   Т-мобиле

Идниот облик на мобилните телефони

Fabian Hemmert на TEDxBerlin ја дава својата визија за тоа што треба да се промени во иднина кај мобилните телефони. Според него три работи се битни за да мобилните телефони преминат кон невизуелна и поинтуитивна комуникација:

  • Масата (тежината) на мобилниот телефон
  • Можноста за промена на обликот на мобилниот телефон
  • Имитација на човекови особини

Според Fabian во иднина човештвото не треба да добие повеќе технологија, туку технологијата да стана похумана. Погледнето го видеото.

T-Mobile Pulse Mini – Android телефон за 8990 денари

Токму така во салоните на T-Mobile MK моделот T-Mobile Pulse Mini може да го најдете за цена од 8990 денари во припејд на Easy Talk тарифата. Изненадувачки е тоа што телефонот на глобално ниво е достапен од мај 2010, а кај нас е веќе достапен за купување. Претходно веќе ја разгледавме понудата на Android телефони на македонскиот пазар и донесовме заклучок дека во моментов најдобра понуда на Android телефон во однос на цената и перформансите е Samsung Galaxy Spica i5700. Ако е така тогаш T-Mobile Pulse Mini дефинитивно го добива местото на најевтин Android паметен телефон на нашиот пазар. Иако се работи за “Mini” варијанта на веќе докажаниот T-Mobile Pulse овој модел воопшто не е за занемарување со оглед на перформансите и можностите кои ги нуди.

Поважни технички спецификации:

  • Екран на допир (resistive) од 2.8 ” [240X320]
  • Акцелерометар
  • Приклучок за слушалки 3.5mm
  • Проширлива меморија со microSD картичка
  • 3G, WiFi, Bluetooth, USB 2.0
  • Камера од 3.15 MP со LED блиц
  • GPS, со можност за A-GPS
  • Android 2.1

Сум немал прилика да се запознаам од блиску меѓутоа од тоа што го прочитав по форуми и според спецификациите кои што ги има телефонот најверојатно се работи за телефон во кој што се исплаќа секој вложен денар. За цената од 8990 денари не успеав да најдам друг паметен телефон со слични карактеристики и Android оперативен систем. Доколку сте имале искуство со телефонов слободно споделете во коментарите подолу. За крај погледнете го видеото со презентација за телефонот.  Благодарност до @twibi за споделувањето на понудата.

Светското првенство во живо на твојот мобилен

Пред два дена Дарко доби СМС од Т-Мобиле со известување дека може да го следи во живо Светското првенство во Јужна Африка на  својот мобилен. Тоа и не беше некоја нова вест ниту за нас ниту за било кој, но овој СМС не натера да ја тестираме оваа услуга од Т-Мобиле. Го следевме линкот (www.t-mobile.com.mk/tv) пратен во СМС пораката за да видиме дали оваа услуга ги заслужува 118-те денари кои треба да ги потрошиш за да уживаш во светското првенство каде и да сте.

Провери дали вреди да дадеш 118 денари

Android телефони на нашиот пазар

Бројот на различни модели на телефони кои работат на Android и може да се набават од еден од мобилните оператори кај нас е осум. Гледано по атрибутот цена, притоа земајќи ја вредноста “само телефон”, најевтина понуда е моделот T-Mobile Pulse кој може да го најдете  за цена 15,450 ден. Најскапа понуда е моделот Motorola MILESTONE и може да го најдете во One за цена 28,490 ден.

Цените се променливи во зависност од тоа дали ќе се одлучите за некој припејд или постпејд тарифен модел, дали сте постоечки или нов корисник во мрежата на мобилниот оператор и времетраењето на договорот кој ќе го потпишете со операторот доколку се работи за постпејд тарифен модел. Android платформата со која што доаѓаат овие модели е неизбежна да се напомене. Дури четири од моделите работат на верзија 1.5, остатокот од по два модели припаѓа на верзиите 1.6 и 2.1.

*[надополнување]

Ненамерно беше изоставен моделот Samsung I7500GA кој може да го најдете во Vip за цена 20, 999 ден. (само телефон) и истиот работи на Android верзија 1.5 .



КОМУНИКАЦИИ.нет 2010, лиценца

RSS. Дел од КОМУНИКАЦИИ.нет, Tемата Modern Clix е направена од Rodrigo Galindez.